сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Синдикатот бара да се спроведе одлуката за вработување 40 машиновозачи

Синдикатот бара да се спроведе одлуката за вработување 40 машиновозачи

Синдикатот на машиновозачи на Македонија при МЖ Транспорт АД Скопје бара да се спроведе одлуката на Владата за вработување на 40 машиновозачи на неопределено време. Ако не се вработи нов извршен персонал, според Синдикатот, ќе се откажат поголем број патнички и товарни возови.

Синдикатот се повикува на Одлука од 103 седница на Владата со број 41-8087/6 од 23 ноември 2022 година за прием на 40 машиновозачи на неопределено работно време со која што го задолжува Министерството за финансии веднаш да даде согласност.

-Бараме во најкус можен рок да се спроведе Одлуката, во спротивно поради немање доволен број машиновозачи (извршен персонал) ќе бидеме приморани да откажаме поголем број патнички и товарни возови со што би загрозиле и така лошата финансиска состојба на претпријатијата, стои во барањето што СММ го испрати до Владата и министерствата за транспорт и врски и за финансии.

Најнови вести