недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Синдикатот на АД ЕСМ во интензивни преговори за покачување на платите на вработените

Синдикатот на АД ЕСМ во интензивни преговори за покачување на платите на вработените

Синдикатот на АД ЕСМ работи заедно со Управниот одбор на АД ЕСМ за дополнително зголемување на платата на сите вработени по основ на раст на животни трошоци кои се објавени од Државен завод за статистика, информираат од компанијата.

Нагласуваат дека разговорите со Управниот одбор се уште се во тек и се очекува зголемување на платата на сите вработени до крајот на оваа година.

-Како и изминатите година и оваа се поднесе барање за исплата за регрес за годишен одмор за 2023 година во висина од 100 отсто и истото беше реализирано, на секој вработен во АД ЕСМ му беше исплатен регрес за годишен одмор во висина од 100 отсто, согласно Законот за работни односи. Иако преговорите за покачување на платите се уште се во тек, сепак согласно досегашните разговори укажуваат дека набрзо ќе се постигне договор кој ќе биде во интерес и за добро состојба на сите вработени, велат од ЕСМ.

Најнови вести