Синдикатот на АД Пошта на Северна Македонија денеска ќе информира за актуелната состојба во која се наоѓа претпријатието.
Како што е најавено, тие ќе ја пренесат загриженоста на вработените „за опстојувањето и иднината на Пошта предизвикани од сериозната финансиска криза и лошата организација на работењето, за зачувување на работните места и неизвесноста за редовна исплата на плата нареден период, за непостоењето на социјален дијалог“, како и за „лошата кадрова политика, лошите услови за работа и организација на работата“.