Синдикат на Полиција во Македонија – СПМ дава целосна и безрезервна поддршка на најголемиот Синдикат во Република Македонија – СОНК за претстојниот ШТРАЈК кој ќе започне на ден 11.04.2022 година.
„Почитувани, Вашите членови и вработените кои ги преставувате треба да ги добијат правата коишто им следуваат согласно законите и колективните договори и истите треба да бидат дел од социјалниот дијалог во државата.
Зголемувањето на минималната плата го поддржавме и како Грански Синдикат и како Конфедерација во која членуваме. Бидејќи со истото не се решија проблемите со усогласувањето на колективните договори со растот на минималната плата, како што и впрочем Законот за минимална предвидува, без порамнувањето на платите единствено може да создаде демотивација кај вработените.
Решението на проблемите со коишто се соочуваат Вашите членови и вработените е едноставно – зголемување на вредноста на бодот на вработените од страна на надлежните институции. Нагласуваме дека му даваме силна поддршка на нашиот братски Синдикат СОНК во остварувањето на нивните барања – повисоки плати кои поради немањето на слух од страна на надлежните, ќе го искажат незадоволството по пат на штрајк. Посакуваме да останете достојни на Вашите Барања и да истраете се до конечно исполнување на Вашите Барања“, стои во нивното соопштение до јавноста.