петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Синдикатот за угостителство и туризам до Владата: Што со вработените доколку се затворат угостителските објекти?

Синдикатот за угостителство и туризам до Владата: Што со вработените доколку се затворат угостителските објекти?

Синдикатот за угостителство и туризам при КСС остро реагира на несовесното повикување од страна на НУК (Независната угостителска комора) да се затворат сите угостителски објекти на две недели.

-Свесни сме за здравствената состојба во нашата држава и за сите протоколи и мерки кои се наложуваат да бидат воведени во угостителските објекти, но никако не се согласуваме со недефинираните предлози од страна на НУК за затварање на угостителските објекти без да се знае што ќе биде со работниците на тие објекти. Сметаме дека мерките од владата се премногу строги и не се согласуваме со дополнителни мерки за намалување на бројот на гостите како и други мерки кои се на штета на угостителството.

СУТ (синдикат за угостителство и туризам) бара од Владата да усвои мерки за поддршка на угостителството и туризмот за да се намалат последиците од корона вирусот а не да ја отежнуваат и онака тешката состојбата на угостителството со тековните протоколи кои придонесоа за енормно намалување на гостите во објектите а со тоа и губење на многу работни места. Сакаме воедно да испратиме порака до Владата, запрашајте се за работниците во угостителството и туризмот, како тие опстојуваат, се наведува во нивното соопштение.

Најнови вести