понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Сите лаги на СДСМ: Во опозиција бараа да се намали, а сега ја качија акцизата

Сите лаги на СДСМ: Во опозиција бараа да се намали, а сега ја качија акцизата

Владата на почетокот на оваа година донесе одлука за  зголемување на акцизата. И покрај предупредувањата од експертите да се најде друг начин за полнење на буџетот владата сепак ја донесе оваа одлука.  Целокупната стручна јавност изјавуваше дека оваа мерка ќе има негативно влијание врз стандардот на граѓаните и ќе донесе низа на покачувања. Спирлалата на покачувањата секојдневно ја чувствуваат граѓаните на Република Македонија кои едвај врзуваат крај со крај додека ветувањата од 500 евра плата се сеуште неисполнети, пишува порталот Економски.

Имено, СДСМ додека беше во опозиција беше голем противник на покачувањето на акцизата. Тие бараа од тогашната влада да се преполови акцизата со што бензините ќе беа поефтини за 10 до 12 денари.

Тие во своите изјави кажуваа дека поскапувањата на енергенсите стануваат неподносливи за просечниот македонски граѓанин.

-Поскапувањата продолжуваат, а цените на енергенсите веќе стануваат неподносливи за просечниот македонски граѓанин, кој со страв го чека секој понеделник и седниците на Регулаторната комисија за енергетика, рече Марјанчо Николов од СДСМ на денешната партиска прес-конференција, укажувајќи на најновото поскапување на бензините за 2,5, а на дизел горивата за 1,5 денари, изјавуваа од СДСМ.

И додека ваквите изјави беа оправдани кога СДСМ беше опозизија сега кога СДСМ се на власт   македонските граѓани се соочени со огромни и постојани покачувања на нафтата и бензините.

Граѓаните велат дека се разочарани и дека ништо што владата на СДСМ ветуваше пред да дојде на власт не исполни туку дека и напротв нештата се значително полоши од порано кога нафтата и бензините имаа крајно помали цени.

Колку за информација цените на дизелот од јуни минатата година до денес се покачија за над 40%. Од 46 денари за литар дизел во 2017 година, граѓаните сега плаќаат  65  денари.

Од опозициската ВМРО ДМПНЕ обвинуваат дека СДСМ удри по најсиромашните. Секое домаќинство во просек плаќа 12.000 денари повеќе за дизел од лани.

Инаку,бројките покажуваат дека со една просечна плата во јуни 2017 година се купувале 487 литри дизел, а сега да можат да се купат само 364 литри, односно 123 литри помалку.

 

Најнови вести