недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Сите лаги на СДСМ за лидерската средба

Сите лаги на СДСМ за лидерската средба

Иако не беше дел од проблемот, предупредуваше на истиот и се нудеше со цел да се изнајде решение кое ќе биде прифатливо за сите пред да биде прифатен од страна на владата францускиот предлог, ВМРО-ДПМНЕ повторно се покажа како одговорна партија кога станува збор за интересите на државата.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски прифати да седне на лидерска средба со Димитар Ковачевски и на истата понуди брилијантни решенија за зачувување на идентитетот, кои можеби требло да им текнат на луѓето од власта или барем да ја консултираат опозицијата кога тајно го договараа францускиот предлог. Но, наместо да ја искористи подадената рака, кога повеќе од очигледно е дека самата нема капацитет за ништо, освен да кажува да на сѐ што им се нуди на штета на државата, СДСМ се впушти во спинување и извртување на секој еден збор што Христијан Мицкоски го кажа пред новинарите после средбата.

Веднаш после лидерската средба од СДСМ на големо започнаа да ја форсираат тезата дека ВМРО-ДПМНЕ прифатило уставни измени како што и СДСМ предлага, под бугарски диктат. Но, вистината е сосема спротивна, бидејќи предлозите на ВМРО-ДПМНЕ беа уставни измени со одложено дејство, кои би се изгласале сега, а би стапиле на сила кога Македонија ќе стане членка на ЕУ. Ваквиот предлог секако дека е во корист на зачувување на македонскиот идентитет, јазик и историја, бидејќи практично се избегнуваат секакви дополнителни барања кои може да ѝ текнат на Бугарија во текот на процесот, а начинот на кој СДСМ сака да ги помине уставните измени отвора уште толку проблеми и можности за

Бугарија да кочи и злоупотребува на секој чекор од преговорите, а Македонија останува „разоружана“ и приморана да ги прифаќа сите барања на Бугарија.

Друга работа која исто така е лага е и тврдењето на премиерот Димитар Ковачевски дека за да се прифати предлогот на ВМРО-ДПМНЕ треба да се промени преговарачката рамка. И оваа теза не држи вода, бидејќи Македонија практично би ја завршила својата обврска и процесот на гласање, но уставните измени би стапиле на сила од моментот кога државата ќе биде членка на ЕУ. Тука се поставува прашањето, зошто на било која страна во процесот би ѝ сметало ваквата формалност, ако вметнувањето на Бугарите во Уставот е последната отстапка која Македонија треба да ја направи и ако во меѓувреме некој нема намера да го злоупотребува преговарачкиот процес?

Од овде произлегува дека СДСМ во континуитет ги лаже граѓаните дека нема да има нови блокади од Бугарија и доколку не се прифатат барањата на ВМРО-ДПМНЕ. Затоа СДСМ наместо да се лаже себеси и граѓаните, редно е еднаш да застане на страната на народот, во одбрана на националните интереси и да ги прифати предлозите на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи без гаранции од европските институции и уставни измени со одложено дејство, и на малите деца им е јасно дека Македонија ќе влезе во тежик и мачен процес на преговори во кој нема да преговара за суштинските прашања со ЕУ, туку за желбите на Бугарија кои во континуитет ќе ги понижуваат граѓаните на кои и така им е преку глава.

Најнови вести