Во 2020 година македонските граѓани ќе имаат шест продолжени викенди. Од вкупно 10 неработни денови за сите граѓани, шест се поврзуваат со викендот, за разлика од минатата година, кога имаше седум продолжени празнични викенди за сите граѓани.
Првиот продолжен викенд за сите граѓани ќе биде за време на христијанскиот празник Велигден, кој в година како неработен е на 20 април, понеделник.
Сепак, граѓаните од православна вероисповед, првиот продолжен викенд ќе го имаат за време на Божик бидејќи за нив, освен 7 jануари (вторник), неработен е и 6 jануари (понеделник).
Продолжен викенд ќе има за 1 Мај, Денот на трудот, кој е в недела, поради што се префрла в понеделник, така што граѓаните ќе одмораат уште еден продолжен викенд.
Неработниот ден за 24 Мај – Св. Кирил и Методиј, Ден на сесловенските просветители, е в петок, a истиот ден е неработен и поради празникот Рамазан бајрам.
Продолжен викенд има и за Денот на Републиката – 2 Август, кој е в недела, поради што неработниот ден се префрла в понеделник.
Денот на народното востание – 11 Октомври е уште еден неработен ден што се врзува со викенд, бидејќи исто така е в недела и се префрла в понеделник. Продолжен викенд ќе има и за 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, кој е в петок.
За сите граѓани неработни денови се и 1 јануари (среда), Денот на независноста – 8 Септември (вторник) и 8 Декември – Свети Климент Охридски (вторник).
За граѓаните од православна вероисповед неработни се и Бадник, 6 јануари, ден пред Божик, 19 јануари – Богојавление (недела), 17 април Велипеток, пред празникот Велигден, и 5 јуни (петок) за Духовден. Неработен ден за нив е и 28 август (петок), Успение на пресвета Богородица.
За граѓаните од католичка вероисповед неработни се и 13 април (понеделник) – Велигден, вториот ден на Велигден, 1 ноември – недела, Празникот на сите светци, како и 25 декември (петок) – првиот ден на Божик.
За граѓаните од муслиманска вероисповед неработен е и 31 јули (петок) – Курбан бајрам.