Во Кривичниот суд денеска во тек е читање на материјални докази на СЈО за случајот „ТНТ“ или „Космос“. Одбраната бара, како што е судската пракса, пред изведување на доказите, да им бидат доставени на увид.
Адвокатите тврдат дека од вкупно 684 материјални докази, 137 од листата на докази не им се доставени на увид.
-На 13 и 16 март доставив барање до СЈО и судот да ми бидат доставени тие 137 докази со цел да извршиме увид во истите. Како обвинителството ќе ги изведува доказите кога ние во 137 немаме никаков увид, рече адвокатот Тања Поповски.
На следното рочиште кое е закажано за 29 август ќе се презентираат материјалните докази.
Обвинети за уривањето на комплексот „Космос“ се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за траснпорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот градоначалник на општина Гази Баба Тони Трајковски.