недела, 31. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

СКАНДАЛ: Човек во тешка здравствена состојба оставен сам на себе, надлежните молчат

СКАНДАЛ: Човек во тешка здравствена состојба оставен сам на себе, надлежните молчат

Низ социјалните мрежи се појави слика каде што еден човек кој што лежи болен и не му се подава медицинска помош која му е неопходна. Човекот се вика Стојан Павлески, тој е самохран татко на едно малолетно дете. Тој лежи веќе 4 месеци на клиниката за Трауматологија во Државна болница, во тешка состојба со декубитни рани по телото од половина надоле, од кои се шири непријатен мирис.

Овој човек беше осуден за обид за убиство на Села, од настаните на 27-ми април, за кое беше докажано после судењето дека не е виновен, потоа ослободен и пуштен на условно. Неколку месеци после ослободувањето е нападнат и претепан до смрт. Има повреди на рбетот и крварење во мозокот. Лежи неподвижен во горните и долните екстремитети и неговите се жалат дека мораат сами да му ги преврзуваат раните бидејќи персоналот на клиниката се жали на предолгиот престој како и на мирисот кој се шири од раните. Состојбата е сериозна по неговиот живот. Неговото семејство нема средства за подобар третман. Молат да се префрли на клиниката на Неврологија и соодветно да се третира. Молат за било каква помош!

Со овој случај се покажува дека надлежните или првите луѓе на Трауматологија и Неврологија не водат доволна грижа за луѓето на кои им е нарушено здравјето. Работата надлежните е да создадат услови медицинскиот персонал секој пациент да го лечи соодветно. Надлежните се должни целиот случај да го испитаат и исто така треба да се дознае која е причината да има здравствена конотација.

На крајот на оваа објава по социјалните мрежи се обраќаат и до министерот Венко Филипче да преземе мерки, бидејќи човекот се наоѓа во животно загрозувачка состојба.

Најнови вести