сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

СКАНДАЛ: Физички и вербално нападната екипата на Канал 5, повредена новинарка

СКАНДАЛ: Физички и вербално нападната екипата на Канал 5, повредена новинарка

Црна сенка на верскиот празник фрли скандалот во кој имаше влечење, буткање и пцостикон новинарските екипи, кои беа во центарот на Скопје, како и сите години наназад да известуваат за одбележувањето на Водици, објави Канал 5.

Во еден момент новинарите и снимателите беа насилно спречени да земат изјава од момчето кое го фати крстот, а притоа кон нив беа упатувани навредливи зборови и пцости.

Најдебелиот крај го извлече новинарката на Канал 5, Мирјана Мирчевска Јовановиќ, која од страна на вработените во агенцијата за обезбедување беше брутално избуткана, навредувана и влечена, поради што заврши во градската болница со повреди на раката и вратот, објави Канал 5.

-За оваа невидена агресија, на ден кој треба да е духовен празник, Канал 5 телевизија ќе поднесе пријава до јавното обвинителство и полицијата. Истовремено се прашуваме, како е можно МПЦ да дозволи, на настан организиран од нејзина страна, да се случуваат вакви напади врз новинарски екипи?-објави Канал 5.

Во продолжение и изјавата на новинарката Мирјана Мирчевска која ја даде од градската болница.

Најнови вести