Изборите за нов прв човек на Лекарската комора на Македонија и воопшто избор на ново раководство минуваат со низа на скандали. Еден од нив, како што тврдат извори на Република, е случајот со струшкиот гинеколог Мухамед Асани.
Доктор Мухамед Асани, беше посочуван како главен виновник за скандалот со родилката од Дебар, Јилдиз Веапоска. Сега гинекологот сака и по трет пат да биде делегат во Собарнието, а дури и по трет пат дел од Извршниот одбор на Лекарската комора на Македонија.
-Асани овие денови е повторно активен со сомнителни чекори. Имено тој свикува средба на огранокот на Комората во Струга за понеделник (денес), а тоа го прави со лепење листови во Болницата во текот на викендов. Или состанокот е закажан за понеделник (денес, 30 мај), а тој ги свикуваше докторите викенодов (28-ми и 29-ми мај).Идејата е што помалку доктори да дознаат за средбата“, коменираат извори на порталот.
Во јавноста најмногу негативни реакции за Асани имаше во врска со случајот на Веапоска. Во извештајот токму од Лекарсаката комора, подготвен од комисија чии членови не се обелоденуваа во јавност, доктор Асани рекол дека породил машко дете во случајот на дебарчанката Веаповска, а нејзиното дете е женско. Во истиот пишува и дека бубрегот и бил изваден оти имало повреда на артеријата. Инаку Веапоска по породување во август минатата година, се жалела на болки во стомакот. По ова е извршена уште една интервенција, при што и биле извадени бубрегот, матката и јајникот. За овие органи во извештај од патолгија се вели истите биле здрави.
Целата вест прочитајте ја на РЕПУБЛИКА