До Собрание бил доставен предлог закон за покачување на платите на вицепремиерите за 8.000 денари, информира Макфакс.
Со измените на Законот плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија поднесени до Собранието, коефициентот за утврдување плата на заменик претседател на Влада ќе се пресметува со коефициент 4 наместо 3,70.
-Согласно ова, разликата во платата ќе изнесува 8.027 денари во бруто изнoс или за 5 вицепрмеиери, Хазби Лика, Кочо Анѓушев, Бујар Османи, Радмила Шекеринска и Оливер Спасовски, за 12 месеци 482.620 денари, пишува порталот.
Со 1.280 евра месечна плата Шеќеринска e најплатена во Министерството за одбрана
Со 1.280 евра месечна плата Радмила Шеќеринска е најплатениот кадар на Министерството за одбрана, објави неодамна телевизија „Телма”.
Според информациите кои ги објави телевизијата, месечната плата на Шеќеринска е 78.791 денар и е највисока во МО. По неа, најплатен началникот на Генералштабот на АРМ кој прима 76.732 денари месечна плата.
Останатите раководители на одбраната, меѓу кои и заменик министерот, државниот секретар и останатите пониско рангирани началници примаат плата меѓу 60 и 66 илјади денари месечно.