четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Скандал: Мила Царовска ги отвори училиштата за изборите на СДСМ, директно е прекршен Законот

Скандал: Мила Царовска ги отвори училиштата за изборите на СДСМ, директно е прекршен Законот

Во ек на пандемијата, кога црните бројки вртоглаво растат, СДСМ спроведува избори во 80 општински организации, на вкупно 237 избирачки места, кои се отворени од 8 утрово, а се затворија во 19 часот.

Домови на култура, музеи, сали на општински совети, училишта. Државни ресурси се ставени во функција за партиските избори во СДСМ, на кои единствен кандидат за претседател на партијата е Зоран Заев.

Се гласа во просториите на Општина Тетово, Дом на култура „Иљо Антески Смок“ во Тетово, во домовите за култура во Мешеишта, Крушево, Банско, Дабиље, Неготино….

За партиски цели во функција Мила Царовска  отвори неколку училишта.

Но, според членот 11 од законот за основно образование во сите основни училишта се забранува политичко и верско организирање и истакнување на партиски и верски обележја.

Изгледа министерката за образование го заборавила овој закон и со тоа директно е вклучена во негово прекршување.

Најнови вести