вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Скандалот со непотизмот во АВРМ го обелодени Николова од СДСМ уште во февруари

Скандалот со непотизмот во АВРМ го обелодени Николова од СДСМ уште во февруари

Веднаш по дуелот на Заев и Мицкоски на МРТ со реакција на тврдењата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, излезе директорката на Агенцијата за вработување, Билјана Јовановска.

Таа ги демантира, според неа, искажаните невистини на лидерот на опозициската партија во дуелот, во кој тој тврди дека таа вработила свои роднини во АВРМ.

-Искажаните  обвинувања за непотизам при вработувањата во АВРМ ги демантирам како невистинити и тенденциозни. Во изминатите 10 месеци во АВРМ се вработуваат потребни стручни кадри, кои аплицирале на јавен оглас и ниту еден од нив не е во никаква роднинска врска со мене. Невистините пласирани од лидерот на опозициската ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски ги поврзувам со неговата партиска советничка Слободанка Алексовска која беше разрешена по моето доаѓање на директорската позиција во АВРМ, се наведува во реакцијата од директорката Јовановска.

Скандалот, инаки, го обелодени Мери Николова од СДСМ, уште во февруари годинава.

Според она што го пишува Мери Николова, Јовановска откако е директор во АВРМ ја вработила сестрата на сопругот, Трпана Бисовска, синот на сопругот, Никола Ѓуровски, внук од друга сестра на сопругот, Горан  Петровски и старосватицата Слаѓана Ангелевска, која беше во трка и за претседател на СДСМ во Аеродром.

Една од учесничките на таканаречената „шарена револуција“ Мери Николова, бара одговорност од актуелната директорка на АВРМ, Јовановска. Таа во својот фејсбук статус очекува директорката да биде сменета од страна на Заев.

– Се надевам во бранот на разрешени директори во Вторник, ќе го слушнеме и твоето име. Не се срамиш малку? Пишува Николова на Фејсбук.

– Директорката на АВРМ Биљана јовановска, не само што има градежно-реконструктивни аспирации, туку и непотизмот е една од главните својства на нејзиното делување. Таа беше сменета откако потроши над 600.000 евра за реконструлција на Скопската агенција за вработување. Сега пак, се шета заедно со нејзиниот сопруг по градовите во внатрешноста на Македонија, за да види каде е потребна реконструкција и реновирање, веројатно за ново офајдување, пишува Николова  во продолжение.

Николова тврди дека директорката на АВРМ има станови во Аеродром и Лисиче, куќа во Лисиче и викендичка. Таа прашува дали Биљана Јовановска, раководната функција ја користи за лично богатење и вработување за своите роднини.

 

Најнови вести