петок, 23. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Ски сезоната во Македонија никако да започне: Во Маврово снег нема, на Попова Шапка утрово вистинска зимска идила (ФОТО)

Ски сезоната во Македонија никако да започне: Во Маврово снег нема, на Попова Шапка утрово вистинска зимска идила (ФОТО)

Зимата веќе официјално започна, а најава за снег УХМР за низ целата земја најавува за новогодишната ноќ како и за првиот ден од Новата година.

Освен најавениот снег на пониските места, снегот вообичаено веќе треба да е пристигнат во македонските ски-центри.

За жал во Маврово снег се уште нема, барем не доволно за отворање на ски сезоната, а од последната снимка достапна на интернет, вчеравечер таму имаше само дожд.

Вистинска зимска идила утрово има на Попова Шапка каде доколку вака врне снег би требало наскоро да започне ски сезоната која Македонците ја очекуваат со нетрпение.

Најнови вести