И во новата година Скопје е најзагаден град во Европа. Според податоци од европските мерни станици, Скопје и Тетово ја предводат листата најзагадени градови на европскиот континент.
Индексот на ПМ 10 честички е 5 до 10 пати повеќе од дозволеното. Во смог и чад се разбудија скопјани на први јануари.
Според податоците на мерните станици од Министерството за животна средина, високо загаден е и воздухот во Куманово.
Лицемерито од СДСМ и нивните НВО излегува на виделина. Оние кои ветуваа чист воздух сега никаде ги нема. Петре Шилегов, Дамјан Манчевски, Павле Богоевски, Златко Марин и Јани Макрадули добија власт, Скопје и Македонија се гушат, а тие молчат затворени во своите кабинети.
Истите оние невладини под контрола на соросовата фондација кои маршираа за чист воздух, сега молчат и никаде ги нема.
Македонија и Скопје се гушат: Ништо од ветуваниот чист воздух на СДСМ, за Шилегов граѓаните се криви за загадувањето
Град Скопје има итна потреба од нова градска власт која што системски ќе го реши проблемот со загадувањето, ќе изготви и изработи модерни ефикасни и еколошки решенија во јавниот превоз, ќе го зголеми процентот на зелени површини во градот и ќе овозможи алтернативни извори на енергија, ова градоначалникот на градот Скопје, Петре Шилегов го ветуваше пред изборите, пред да стане градоначалник. Сега за градоначалникот на Скопје, како што кажа тој граѓаните се криви за загадениот воздух.
Но сега ситуацијта е сосем различна, без никакви конкретни мерки како би се справил градот со загадувањето, градоначалник реши директно да удира по џебот на граѓаните најавувајќи дека ќе биде поскапен паркингот во градот Скопје. Според експертската јавност оваа мерка нема многу да помогне за овој проблем во градот Скопје, туку нејзината цел е само полнење на градската каса.
-Една од мерките што ја замисливме е скалесто покачување на паркирањето во центарот за оваа зима и намалување на јавниот билет, додека не дојдеме до состојба на бесплатен јавен превоз, изјави Шилегов.
Иако како едно од главните ветувања на кандидатите за градоначалници на СДСМ во пред изборите беше чистиот воздух, без никакви мерки како до тоа би дошло. Ова беше потврдено во периодот кога загадувањето е најголемо, а градските власти кажаа дека се без прецизни планови за справување со проблемот. Тие во писмено соопштение наведоа дека сите активности се во фаза на предвидување и планирање.
-Планот предвидува краткорочни и среднорочни мерки во однос на загадувањето. Планираме уште зимава да воведеме забрани за градежни активности во најзагадените делови на градот. Предвидуваме и нови политики во јавниот превоз и промоцијата на велосипедизмот, пишаа од градот Скопје.
Граѓаните прашуваат дали ова е чистиот воздух, кој кандидатите на СДСМ го ветуваа во предизборната кампања, во недостаток на идеи и проекти за граѓаните.
Еве што зборуваше сегашниот градоначалник на Скопје, пред ја преземе функцијата која ја има сега.
Чистиот воздух беше и главно ветување на премиерот Зоран Заев, а тој откако поминаа изборите Владата предводена токму од него реши да го укине Денот на дрвото, една од мерките кои придонесуваа кон решавањето на проблемот со загадениот воздух.