сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Скопје наликува на Рио и Сао Паоло со дивоградбите кои сака власта да ги амнестира со член 41 со новиот предлог закон за легализација на дивоградби

Скопје наликува на Рио и Сао Паоло со дивоградбите кои сака власта да ги амнестира со член 41 со новиот предлог закон за легализација на дивоградби
илустрација

„Најспорниот член од новиот предлог закон за легализација на дивоградби и продажба на земјоделско земјиште е членот 41 со кој се амнестираат сите кривични процеси, сите прекршочни процеси, граѓански процеси и сите оние управни постапки на сите оние протагонисти на оној легалниот и илегалниот криминал кој е правен во врска со дивоградбите. Сега јас би се навратила на нешто друго, тие можеби нема да легализираат се, можеби ќе направат политички консензус, валкан политички консензус, само заради тој валкан политички консензус имаме 80 дивоградби, 80 угостителски објекти на Шапка, за тоа на Матка се гради монструозен бетонски објект“, појасни еден од учесниците на протестот „Граѓански фронт, против грабежот“ кој се одржи денес пред Владата.

Еден од учесниците посочи дека сите дивоградби ќе бидат амнестирани со член 41, тоа не смее граѓаните да го дозволат на власта под никоја цена.

„Сите оние градежни дозволи кои се дадени преку рака од урбаната мафија, оние градежни дозволи каде што имаме непристојно блиски згради, каде што Скопје на делови личи како бразилските фавели, како во Рио и Сао Паоло, така личи Скопје. Дали знаете дека помеѓу Тафталиџе и Козле не може да се помине? Дека има еден огромен ѕид кој ги затвора Општина Карпош“, рече еден учесниците на протестот.

На протестот се додаде дека државниот инспекторат за урбанизам мочли за дивоградбите. И за тоа под итно граѓаните бараат ревизија на работата на инспекторите, ревизија на работа на советниците и на градоначалниците, зошто се давало дозвола за некои објекти, и зошто некои објекти се воопшто изградени врз државно земјиште.

Најнови вести