среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Сламков: Да се даваат ваучери сред изборен процес е кривично дело

Сламков: Да се даваат ваучери сред изборен процес е кривично дело

Минатата година власта распиша избори. И потоа фати короната. Владата прогласи вонредна состојба. Во тој период се даваа ваучери на граѓаните. Ако се погледнат членовите од 33 до 36 од Законот за спречување на корупција, судир и интереси и членот 8-а од Изборен законик, тоа се вонредни исплати. Во Закон дефинирано е што се вонредни исплати и тие се забранети за време на изборен процес. Почна изборниот процес, се прекина поради вонредната состојба и се донесе Уредба со законска сила од страна на Владата со која што се суспендираа овие членови. Прекина вонредната состојба и продолжи изборниот процес, а тие ваучери продолжија да се даваат, истакна денеска во емисијата „Добро утро секое утро” на Алфа телевизија, професорот по казнено право на Европскиот универзитет Ѓорги Сламков.

-Државната комисија на тоа не реагираше, затаи, посочи Сламков и додаде:

„Комисијата требаше да излезе и да каже дека Владата може да дава помош, но сето тоа треба да биде по изборниот процес. Не сред избори, бидејќи на тој начин го корумпираат изборниот процес. За ова кривично се одговара. Државната комисија мораше да преземе дејствија“.

Најнови вести