Професор по казнено право поранешен претседател на Актикорупциската комисија Ѓорѓи Сламков на своето гостување во „Што не е јасно“ на Алфа телевизија, истакна дека падот на Македонија на листата за економски слободи на Херитиџ од 33-то место на 41 –во место е поради владеење на правото, ограничена независност на судството и сериозните проблеми со корупцијата.
-Рангирањето на Транспаренси треба да е аларм за радикални и суштински промени во општеството, тука слабата алка е владеење на правото, состојбата е констатирана, прашањето е сега како да го решиме високиот степен на корупција – вели професорот Сламков.
Професорот вели дека решавањето на проблемот со корупцијата е комплексен, и има две варијанти, мали корекциии во норматива, со кои може ќе се губи време и наспроти тоа радикални промени.
-Во светот постојат три модели на борба против корупцијата, превентивни тела како што нашата ДКСК, Агенции за спроведување на законот и третото се повеќенаменски агенции или тела како таа во Хонг Конг, па по тоа можеби е време за промена на институционалниот модел за борба против корупција во земјава – посочи тој.
Професорот вели дека ДКСК е само превентивно тело, тело кое делува во насока на изготвување политики, едукации, и други превентивни надлежности кои сега се споени во еден закон не даваат многу ингеренции на ова тело.
Државната стратегија која ја предложува ДКСК веќе година дена седи во Собранието, кој како стратешки акт до сега требаше да биде донесена и да се имплементира.
Сламков вели дека решението за справување со корупцијата го гледа во вториот модел за борба против корупцијата, а тоа се агенции за спроведување на законот кој го има во две варијанти и во обвинителство и во полиција.
-Ние дојдовме во ситуација кога ни требат длабински реформи особено во судството, обинителството и транспарентност во изборот на овие лица, кои би биле лица со интегритет, рече Сламков.
Индексот за Македонија за економските слободи на Херитиџ фондацијата е повторно негативен, паднавме од 33 место на 41 место,а основна причина е владеењето на правото, ограничена независност во правосудството, дека постои политизираност на телото за надзор врз судството, дека Македонија има сериозни проблеми во борбата со корупцијата, критикуваше професорот.
-ГРЕКО го заврши петтиот круг на евалуација во 2019 година која се однесува за превенција од корупција за највисоките носители на власта, како и на телата за спроведување на законот, 23 препораки ни дадоа, 10 се за Владата, останатите се за МВР, препораки имаше кои се однесуваат за посебните советници во кабинетите, и недоволна транспарентност и потреба за нивно назначување, објасни Сламков.