четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Славески: Ако продолжи празнењето на буџетот за купување на скапа електрична енергија заради немање домашно производство долгот на државата ќе расте

Славески: Ако продолжи празнењето на буџетот за купување на скапа електрична енергија заради немање домашно производство долгот на државата ќе расте

Доколку се продолжи со ваквото празнење на буџетот заради набавка на скапа електрична енергија, заради нула домашно производство долгот на државата ќе расте, изјави членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, проф. Трајко Славески во Анализа на ТВ 24, додавајќи дека нереално проектираниот буџет на владата тоа нема да може да го покрие.

Осврнувувајќи се на тоа колку е нереален буџетот Славески истакна дека владата повторно си дала високи очекувања за капиталните инвестиции, а сите знаеме дека влада на СДСМ не може толку да реализира.

– Нереално проектирање на капиталните инвестиции, никогаш досега ниту приближно влада на СДСМ не успеала да реализира толкав обем на капитални инвестиции, над 600 милиони евра и тоа е нереално, и тоа може само да им служи за претурање како што е сега заради недомаќинското трошење на пари за купување на електрична енергија, рече тој.

Во однос колку тоа владата работи неспособно и неодговорно тој ја посочи и политиката кон странските инвестиции потенцирајќи дека ние заостануваме во странски директни инвестиции позади сите земји во регионот и фактите го говорат тоа.

– Оваа влада го напушти моделот од претходната влада, но нов не понудија. Додека германските инвеститори минатата година со оцена нула ја оценија политиката на оваа влада за привлекување на инвеститори, нагласи Славески.

Најнови вести