понеделник, 6. мај 2024. Вести денес: 0
home Вести

Славески: Медицинските лица и сите кои се први на удар со борбата со коронавирусот мора да бидат наградени

Славески: Медицинските лица и сите кои се први на удар со борбата со коронавирусот мора да бидат наградени

Во денешното издание на “Утрински брифинг” гостуваше, Трајко Славевски од ВМРО-ДПМНЕ кој говореше за штетите кои ги нанесе коронавирусот на економијата и кои се мерките кои треба да се превземат за излегување од оваа криза.

Славески вели дека во овој момент Владата е должна да донесе големи, робусни мерки кои би го намалиле галопирачкото опаѓање на економијата, односно мерки кои благо би влијаеле на падот на економијата. Исто така посочи дека периодот кој ни претстои ќе биде тежок за стопанствениците и индустриските капацитети, но со одредена помош од Владата и применувањето на мерките истите би требало да застанат на нозе.

Имено, факт е дека економскиот пад ќе се почувствува во сите сфери и дека секаде ќе има дефицит од средства, но исто така факт е дека мора да се обезбедат средства за непречено и целосно функционирање на оние кои се први на удар на коронавирусот. Здравствените работници пред се мора да поседуваат заштитна опрема и се што е потребно и тука не смее да има никакви кратења ниту пак дилеми. Истото важи за полициските службеници, како и армиските кои од вчера вечер се поставени насекаде низ државата, со цел обезбедување на јавен ред и мир и спречување на движење во периодот наречен “полициски час”, вели Славески.

“Здравствените работници и сите оние кои се во првите редови кога државата се справува и бори со коронавирусот мора да бидат наградени за нивниот труд и жртва. Државата мора да изнајде начин тие луѓе да се стимулираат со бонуси и се што заслужува нивната посветеност во овие времиња”, истакна Славески.

Државата не смее да дозволи да запре ниту една од индустриските капацитети, мора да им се помогне на стопанствениците и да се вложат средства секаде каде што е потребно, но не смеат во ниеден случај да се заборават луѓето кои се жртвуваат за сите нас и секојдневно се борат за здравјето на граѓаните на Република Македонија, заврши Славески.

Најнови вести