среда, 15. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Славески: По стапување на должност на Арсовска, особено во последниот период стигнуваат поплаки од вработени, апелирам да се реши и проблемот со вработените од водовод

Славески: По стапување на должност на Арсовска, особено во последниот период стигнуваат поплаки од вработени, апелирам да се реши и проблемот со вработените од водовод

За тековната реализација на Буџетот на Град Скопје задолжен е градоначалникот. Ние имавме планирано седница за крајот на месецот, 31 октомври, каде што чекаме ребаланс на Буџет. Најавен е ребаланс на Буџет. И до овој момент не беше стигнат ребаланс на Буџет, наводно заради одлуката која што беше донесена за пренамена на средства за поддршка на ЈСП, било потребно дополнително време за да се усогласат нели сега цифрите со таа интервенција од околу 130 милиони денари. И ја поместуваме седницата на барање на кабинет на градоначалникот за 8-ми ноември. Зошто го кажувам ова? Да го имав сега, или да го имавме како советници добиено ребалансот на Буџетот, ќе имавме појасна слика какви се состојбите со сметките на Буџетот на Градот Скопје“, истакна Трајко Славески, претседател на Советот на Град Скопје и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во централниот дневник на Сител телевизија.

Славески додаде дека во Извештајот на „Комунална хигиена“ стои дека трошоците за гориво и за електрична енергија што е разбирливо во однос на минатата година им се зголемени за некаде 37%. Но, факт е дека секогаш може да се работи подобро, поефикасно, посебно во услови на криза кога треба да се води сметка за секој денар.

„Од ЈП „Водовод и канализација“ не бараат средства и тоа можеби е добро. Но, тука станува збор за меѓучовечки односи, третман на вработените. Јас добив пред неколку дена допис за информирање како претседател на Советот на Град Скопје. И таму ги има подетално овие наводи што се кажуваат. Морам да истакнам дека речиси целиот овој период по стапување на должност од страна на градоначалникот Арсовска, особено во последниот период стигнуваат вакви поплаки од вработени не само во јавните претпријатија, туку посебно од сменетите и новоназначени В.Д. директори. Така што се обратија до мене како претседател на Совет, ние сме подготвени во рамките на надлежностите на Совет ако треба ќе формираме и посебно тело, комисија, некој вид на омбусман да ги сослушаме поплаките на вработените“, појасни Славески.

Тој посочи дека Советот е основач на претпријатие, но нема надлежност над директорот. Директорот е функцијата на раководење. Преку Управните одбори може Советот да побара дополнителен Извештај, може да побара искази, сослушување и итн. Така може да се воочи на која мака се вработените.

„Има институции, има закони за заштита од мобинг, злоставување и итн. Така што тоа е дефинирано. И јас не би сакал тоа да излезе надвор од рамките на ингеренциите на Совет, Управни одбори, градоначалник и итн. Па, еве апелирам да се реши проблемот колку што е можно побргу“, нагласи Славески.

Тој нагласи дека според негови сознанија постои реалне проблем во ЈП „Водовод и канализација“, но тоа се случува и во другите претпријатија.

„Во последните месец дена ми имаат пријдено можеби 10-тина вработени од раководители до некои да речам службеници на Град Скопје кои што се да речам на пониски позиции, луѓе во тешка психичка состојба кои што дошле до претседателот на Совет да го информираат дека се малтретирани од страна дали е на градоначалник, или од новоназначениот секретар на Градот. Јас ги прибирам информациите и сослушувам. Јас тоа го споделив со неколку советници за да најдеме законска можност дали тоа би го предложил на следната седница, може да формираме дали тоа да е некоја комисија која што ќе ја утврди фактичката состојба со третманот на администрацијата во Град Скопје. Затоа што градоначалник и секретарот тука се неприкосновени, значи со еден потег ако некој поради една или друга причина не им се допаѓа ги исклучуваат од електронски пристап до нивните податоци, мејлови итн“, рече Славески.

Најнови вести