сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Славески: Власта нема план да се справи со потенцијална глобална рецесија, тоа не е паметно

Славески: Власта нема план да се справи со потенцијална глобална рецесија, тоа не е паметно

Професорот Трајко Славески во дебата со министерката за финансии, Нина Ангеловска во емисијата Топ Тема изрази сомнеж за подготвеноста на власта да се справи со глобална рецесија во налетот на пандемијата на новиот коронавирус.

Тој истакна дека надежта дека нема да има некој поголем шок за македонската економија не е план, а тоа не е паметна политика. Многу брзо може да се забават економските активности и во таква ситуација мора да се има план потенцираше Славески.

-Видете да темелиме очекување дека ќе можеме да се справиме со некој посериозни последици од ширењето на новиот коронавирус по глобалната, балканските, европските  економии и на крај нашата земја мислам дека не е паметна политика. Надежта дека нема да се случи некој поголем шок за македонската економија не е план. Имено оваа пандемија на коронавирусот го забрзува  надоаѓањето на глобална рецеција за која што има навестување уште од минатата година, германската автоинфустрија, услугите во најголемата европска економија итн. Ние сме го виделе тоа и претходно во услови на екстерен шок кој што не е невозможен приходите може многу брзо да колабираат, извозот колабира, забавува економската активност и мораме да имаме план, вели Славески

Најнови вести