среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Славески: Заев во отсувство на реформи во економијата, воведуваше популистички политики

Славески: Заев во отсувство на реформи во економијата, воведуваше популистички политики

Во вечерашното гостување на Телевизија 24 во дебатната емисија ,,Отворено,, членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Славески во однос на зголемувањето на минималната плата, посочи дека сегашната Влада којашто речиси е во првата година од мандатот примени популизам со запоставување целосно на економијата и другите проблеми во отсуство на било какви реформи.

Тој истакна дека минималната плата кај нас започна на 1-ви февруари 2012 година и со закон се зголемуваше минималната плата. Се додека Владата предводена од СДСМ на чело со Зоран Заев не започна да ја користи како алатка односно како инструмент за своите популистички политики и да врши притисок на плати.

Славески посочи на две греши коишто ги прави Владата предводена од министрите и Зоран Заев.

Првата грешка е тоа што работодавачите не се вклучени во просецот на консултација и тие преку прес-конфереции и медиуми ги искажуваат своите ставови. Втората работа е што не се води сметка за последиците за вработените каде што државата е работодавач. Во јавниот сектор тој мисли дека допрва следат најавените протести и штрајкови затоа што ако ја зголемувате минималната плата во одредена институција и кога ќе го изедначите со одредени вработени доаѓа до револт и демотивација за работа, заклучи Славески.

Најнови вести