Во вечерашното гостување на емисијата ,,Заспиј ако можеш,, на Телевизија Алфа, гостин беше членот на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листата на советници од партијата, проф. Трајко Славески, кој истакна дека огромната победа на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје и државата се должи на тоа што во кампањата тргнале многу сериозно, внимателно и приоритетите за изготвување на тие проекти ги имале уште летото.
-Објективниот фактор што ни донесе една ваква победа е тоа што во кампањата бевме многу сериозно и внимателно тргнати на терен. Во органите на партијата работевме многу внимателно, имавме сериозен пристап и сериозна работа, истакна Славевски.
Тој посочи дека уште летоска ги имале приоритетите од самите општински комитети, кои што претставувале отсликување на состојбата во тие општини, и проблемите на граѓаните во тие локални средини.
-Секој градоначалник беше запознаен со тоа што би можел, а што не би можел да вети и доколку дојде во ситуација да тој биде избран или избрана, кои би биле рокови за реализација на тие ветени проекти за да бидат реализирани барањата на граѓаните, заклучи Славевски.