Слави Трифонов, претседателот на бугарската партија „Има таков народ“, пак би ставил вето на Македонија за влез во Европската унија, ако некој него го прашува. Во интервју за БНР за претстојните парламентарни избори во Бугарија тој коментираше и за, како што беше најавено, прашањето „Македонија“.
Луѓето се убедија дека таканаречените Македонци дејствуваат само кога се притиснати до ѕид. Инаку, гледате што прават. Тоа е многу тажно, изјави Трифонов.
На прашањето дали Бугарија има механизам да ги притисне до ѕид, тој вели дека ако зависи од него, ќе направи сѐ што е можно да ги притисне и додаде дека треба „задолжително вето…задолжително за нивниот влез во ЕУ“.
Инаку, Трифонов и неговата партија на последните избори не успеаја да го преминат изборниот праг и не влегоа во бугарското Народно собрание.