Лидерот на бугарската политичка партија „Има таков народ”, Слави Трифунов изјави дека ќе аплицира за членство на Бугарија во Европската вселенска агенција и ќе испрати маж и жена кои ќе бидат првите бугарски астронаути во НАСА. При тоа, додаде, дека ќе им се присоедини и еден северномакедонски астронаут.
-Поднесување на апликација за членство на Бугарија во Европската вселенска агенција затоа што само Бугарија не членува таму. Ќе направам се што е возможно, да испратам маж и жена кои ќе бидат првите бугарски астронаути во НАСА. Ќе направам се што е возможно кон нив да се присоедини и еден северномакедонски астронаут. За да не гледаме надолу во земјата, од срам, туку да почнеме да гледаме нагоре, кон ѕвездите, изјави Трифунов.