Денеска завршува споениот викенд кој го имавме овој викенд во земјава поради големиот православен празник Успение на Пресвета Богородица, а идниот вторник повторно ќе одмараме.
Следува уште еден државен празник, станува збор за денот на независноста на нашата земја 8 септември.
До крајот на годината остануваат уште четири неработни денови за сите граѓани на нашата земја.
Од нив два се споени викенда, а два се паѓаат во вторник.
За сите граѓани на РМ
- 8 септември (вторник), Ден на независноста;
- 11 октомври (недела), Ден на народното востание, односно 12 октомври (понеделник) е неработен ден;
- 23 октомври (петок), Ден на Македонската револуционерна борба;
- 8 декември (вторник), Св. Климент Охридски;
За граѓаните од православна вероисповед
- 28 август (петок), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица);
За граѓаните од католичка вероисповед
- 1 ноември (недела), Празникот на сите светци;
- 25 декември (петок), првиот ден на Божиќ;
За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ
- 22 ноември (недела), Ден на албанската азбука;
За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ
- 28 септември (понеделник), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур;
За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ
- 28 септември (понеделник), Меѓународен ден на Бошњаците;
За граѓаните припадници на турската заедница во РМ
- 21 декември (понеделник), Ден на наставата на турски јазик.