вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Слика од македонското судство денес: Политички прогон и изживувања

Слика од македонското судство денес: Политички прогон и изживувања

Политички прогон и изживување врз осомничените лица е сликата на денешното македонско судство.

За тоа сведочи и драмата која случи вчера на рочиштето на осомничениот за обид за убиство на Зијадин Села, Александар Јаневски – Тошта кој се онесвести среде судење. Оттука Тошта е однесен на реанимација на Клиниката за кардиологија, 8 – ми Септември во Скопје. Имено не е прв пат, Тошта да биде хоспитализиран. Тошта се наоѓа во лоша здравствена состојба, а одбраната и понатаму тврди дека тој, заедно со Владимир Ѓорчев единствено што сакал е да ги заштити  нападнатите пратеници меѓу кои се најде и Села.

Меѓу жртвите на заробеното судство се најде и Едмон Темелко, екс градоначалникот на општината Пустец во Албанија.  Тој освен што има оформено потесно семејство и е  татко на две деца , се наоѓа во крајно сериозна здравствена состојба. Додека Темелко беше во притвор, Судот одби да му овозможи да ја користи потребната здравствена помош и покрај тоа што му беа доставени соодветни лекарски докази.  Македонската партија во Албанија се огласи по омаловажувањето на Темлеко и побараа итна лекарска нега за овој човек.

Изживувањата продолжиија и врз екс министерката, Гордана Јанкуловска која е осомничена за случајот Тенк. За неа се спроведе скандалозен судски тек на процесот при што по налог на судијката Добрила Кацарска, на Јанкуловска и се врши гинеколошки преглед од 4 гинеколози за утврдување на ризичната бременост. Малтретирањата врз Јанкуловска продолжија без оглед на тоа што одбраната уредно го оправдала нејзиното отсуството со медицинска документација за ризичната бременост на екс министерката.

Лекарска помош исто така не му беше дозволена и на министерот Митко Чавков кој имаше  направено операција на срцето, само 3 месеци пред да биде притворен. Заради операцијата, Чавков требаше  редовно да зема лекови кои не му беа дозволени, а тоа донесе кон загрозување на неговиот живот.

Власта не го поштеди и  поранешниот директор на Службата и заеднички работи, Васе Доневски. Тој исто така стана жртва на класичното изживување и тортура од страна на власта. Тој беше ставен во најлошота ќелија со ужасни услови . Доневски е дијабетичар и има многу висок притисок, а неговата состојба во ваквите услови се повеќе му се влошувала. Надлежните не дозволиле внесување на никакви апарати за мерење на шеќер и притисок во ќелијата.

За катастрофалната состојба во судовите и притворите, се јави и новинарката на порталот „Сакам да кажам“.

Во прилог го пренесуваме целиот фејсбук статус.

-Еден кус инсерт од македонското судство: Кофа на среде судница, тече вода од клима, бара околу неа. Климата мора да се исклучи, темпераурата нагло се крева, снемува воздух. Внатре 10 донесени од притвор, едниот се онесвестува, го реанимираат на Клиниката, полна судница полиција, роднини и новинари. Достоинството на Судот го бранат: судијката во волнена тога, костумирани адвокати и обвинител. Вода насекаде, пишува Делевска.

Најнови вести