Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје доби полнач за електрични возила кој ќе биде наменет за истражувања и обука на студентите од електроника и електроенергетските насоки, информираат од ФЕИТ.
Полначот е донација од Република Словачка, поточно од Словачкиот фонд за предизвици, добиен во рамки на проектот „Greener Mobility“ и има моќност од 2×22 кw.
Од овој фонд се финансираат проекти со вредност меѓу 20 и 40 илјади евра во траење до една година. Во реализација на овој проект учествуваат компании од Словачка и јавна или приватна установа од Северна Македонија. Проектот се организира преку словачките фирми SEAK и MONTIN. (МИА)