МВР апсолутно ги поддржува барањата на граѓаните во однос на „Јавна соба“. Веќе се приведени четири лица, извршени се претреси, одземени се телефоните кои се вештачат и коишто ќе бидат предадени на Јавното обвинителство. Воедно, идентификуваме и детектираме дополнителни лица коишто биле дел од „Јавна Соба“, стои во соопштението од МВР.
Од МВР информираат дека неселективно се постапува кон сите што се детектираат и идентификуваат, и дека ќе биде спроведена постапка, сѐ со цел да се обезбедат докази и да се достават до Јавното обвинителство.
-Веќе информиравме за слична група, во која има и членови кои не се од нашата земја, а на којашто се приклучуваат и членови од земјава, така што и тука се постапува и се следи и за сите други активности коишто ги имаме за други групи на социјалните мрежи, будно следиме будно и покренуваме соодветни постапки, се наведува во соопштението.