Во Кривичниот суд денеска во тек е доказна постапка за случајот “ТНТ” или “Космос”, во која ќе се слушаат 24 аудио снимки.
Според одбраната, овие креирани разговори се прибавени на незаконски начин, кои според законот не може да се докази бидејќи се незаконски прибавени согласно член 12.ст.2 од законот за кривична постапка.
Од разговорите се разбира дека во ниту еден момент Миле Јанакиески и Никола Груевски не направиле никаков законски прекршок. Може да се слушнат секакви разговори, но не и било какво договарање за противзаконско работење. Согласно закон на Фијат Цановски му била издадена градежна дозвола со сите детали во неа, и според истото требало да изгради три нивоа подземни гаражи, согласно проектот.
Одбраната тврди дека Фијат Цановски сепак не ја почитувал градежната дозвола и изградил едно подземно ниво гаражи помалку, односно наместо 3 нивоа под земја, со цел да ги намали трошоците и да оствари екстра профит спротивно на законот, изградил само две. При тоа Цановски се надевал дека потоа политички ќе го среди престапот бидејки бил пратеник и во роднински врски со Велија Рамковски. Инаку заштедата на Фијат Цановски со неградењето на еден цел кат подземна гаража е 2 милиони евра.
Деловникот според кој е донесен ДУП-от и издадена градежна дозвола, предвидувал колку гаражни места треба да има одреден број станови. Практично дури и да се сакало, непостоел законски начин да се смени градежната дозвола, бидејки деталниот урбанистички план(ДУП) и градежната дозвола биле издадени согласно важечкиот деловник во моментот кога се донел ДУП-от.
Од разговорите се разбира дека Фијат Цановски признал дека свесно направил прекршок на законот, но се вадел на тоа дека не е преголем прекршокот, а всушност бил многу голем, тврди одбраната, Исто така се разбира дека Цановски освен на Груевски и на американската амбасада и признал дека има сторено прекршок при градбата.
Очигледно заради фактот што тогашната А1 телевизија секој ден како главна вест го третира рушењето, Груевски и Јанакиески разговараат како да го заврзаат рушењето, и повремено Јанакиески го информира Груевски за динамиката на рушењето.
Во разговорите Никола Поповски му раскажува на Миле Јанакиески дека на американскиот амбасадор Рикер кој се интересирал за случајот, му рекол: нема правна несигурност ако спроведуваш закон.