Голем скандал се обелодени откако средношколци се вратиле дома од извиднички камп организиран во близина на Скопје, насловен како „Есенски бакнежи и прегратки, секс скаутс и рок енд рол“.
Потресното сведоштво од родител беше пренесено од СЛОБОДЕН ПЕЧАТ, а истото можете да го слушнете ТУКА.
-Требало да глумат секс пози во пар и со „клецање“ да се пукне надуван кондом. „Клецање“ е зборот што го употребиле. Друга точка било да обојат гол дел од телото и да остават отпечаток на хамер. Секој учесник морал да остави различен дел од телото. Отпечатоците биле бодувани – рака 10 поени, нога 10 поени, стомак 15 поени, задник 40, гради 60, машки полов орган 80, женски полов орган 80 бодови. Децата се соблекувале, само во нивната мала група од четири луѓе, си ги боеле половите органи и го оставале отисокот. Таа видела отисоци од машки и женски полов орган, што значи дека се соблекле, го обоиле половиот орган и го ставиле на хамер пред таа мала група малолетни деца, изјави родителот.
КУРИР истражуваше од кого е финансиран овој одред, кој дозволил вакви активности?
Прв Скопски Извиднички одред е поддржан финансиски од Град Скопје и ХЕРА уште во 2019-та година. Тоа значи дека камп од ваков скандалозен вид, не се одржува прв пат. Зошто никој до сега не реагирал – не е познато. Но, алармот, секако, е веќе вклучен.
Вчера, по два дена молк, се огласија и организаторите на настанот, Првиот скопски извиднички одред, кои велат дека дека настанот не бил манифестација на неморал, блуд или сексуално вознемирување, како и дека активностите на кампот биле погрешно протолкувани во јавноста.
Имајќи ја предвид сензитивноста на целиот случај, Народниот правобранител без да добие претставка, на своја иницијатива веќе отворил предмет за настанот.
– Факт е дека се работи за ученици, за деца коишто согласно конвенцијата за правата на детето и согласно законската регулатива треба да бидат заштитени од било каква злоупотреба особено кога се работи за деца на чувствителна возраст и за коишто треба особено внимание што сепак го отвара прашањето за вклучување на други органи во конкретниот случај заради обезбедување на соодветна поддршка за надминување на евентуалните трауми, вели во изјава за „Телма“ Вваска Бајрамовска-Мустафа, заменик на Народниот правобранител.
За случајот реагираше и Детската амбасада „Меѓаши“, од каде извидничкиот камп го нарекоа масовна злоупотреба на деца и побараа надлежните да ги казнат одговорните.