Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по наместа влажни коловози. Врнежи од ситен снег има на Попова Шапка, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот.
Намалена видливост поради појава на магла од 20 до 30 метри има на планинскиот превој Пресека, информира Диспечерскиот центар на ЈП „Македонијпат“ во пладневниот извештај за состојбата на патиштата.
На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.
ЈП „Македонијапат“ апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот. (МИА)