Снегот денеска повторно ги изненади „Македонија пат“ иако метеоролозите го најавуваа веќе со денови наназад.
Во овие моменти патиштата кои спојуваат неколку градови меѓусебно се под снег или народски кажано се вистинска „писта“ поради тоа што не се исчистени во текот на целиот ден.
Недела неработен ден, очигледно најмногу важи за надлежните во ова јавно претпријатие, додека граѓаните заглавени во своите автомобили чекаат помош со часови.
Македонија пат изненадени од снегот низ целата земја pic.twitter.com/qC5zhx2gEh
— Курир (@KurirMK) February 27, 2022
Инаку до нашата редакција пристигнаа фотографии од состојбата на Стража која е повеќе од загрижувачка, слична ситуација имаме и на патите правци Струмица – Берово и Охрид – Кичево.