Пред Владата веќе се собираат граѓаните на Македонија кои не ја поддржуваат политиката на оваа власт предводена од СДСМ.
Меѓу нив и граѓани од целата земја, а снимката од дрон покажува дека пред Владата буквално веќе игла нема каде да се фрли.
Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ во текот на денот најавија дека очекуваат бројка од 80 илјади македонски граѓани.
Во меѓувреме на мостот „Гоце Делчев“ се упатува група на граѓани со транспарентите: „молкот не е опција“.
Граѓаните му порачаа и на премиерот „краде Таче, плаче Македонија“.