петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Со багер се руши кај Мавровка, дали вака ќе бидат срушени и дивоградбите во Сарај, Кале и Охрид?

Со багер се руши кај Мавровка, дали вака ќе бидат срушени и дивоградбите во Сарај, Кале и Охрид?

Кај ТЦ Мавровка почна уривањето на дивоградбата. Донесена е градежна механизација, а локацијата ја обезбедува полицијата.

Со багер се руши дивоградбата на инвеститорот кој Владата ниту преку оглас не можеше да го најде.

Сега се поставува прашањето дали државата ќе се охрабри и ќе превземе за обврска исто како во Мавровка да постапи и на други места.

За потсетување, медиумите долго време пишуваат и за низа други дивоградби како дивоградбата на Нефи и летната тараса кај охридскиот Чинар, нелегално изградената дива платформа на Матка, дивоградбите кај касарната Илинден на скопско Кале.

Нема да потрошат толку време за правење театар додека го бараат мистериозниот инвеститор бидејќи многу добро знаат кој стои зад нив.

 

Најнови вести