среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

СО ФАЛСИФИКУВАНИ ДОКУМЕНТИ САКАЛЕ ДА ПОМИНАТ ГРАНИЦА: Откриен уште еден случај на вршење јавен превоз без лиценца

СО ФАЛСИФИКУВАНИ ДОКУМЕНТИ САКАЛЕ ДА ПОМИНАТ ГРАНИЦА: Откриен уште еден случај на вршење јавен превоз без лиценца
илустрација

Денеска (04.01.2022), полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Ново Село извршиле контрола во две товарни возила, со тетовски регистарски ознаки, сопственост на правно лице од с.Мала Речица, тетовско.

При контролата било утврдено дека возилата не поседуваат уредна документација, односно лиценците и изводите за вршење превоз во внатрешен и меѓународен патен сообраќај се фалсификувани. Од претставник на Државниот инспекторат за патен сообраќај при Министерството за транспорт и врски возилата биле исклучени од сообраќај и им биле одземени сообраќајните дозволи.

Додека, пак полициски службеници од СВР Струмица ги одзеле лиценците и изводите за вршење превоз во внатрешен и меѓународен патен сообраќај за понатамошна постапка. За настанот бил известен Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе бидат поднеснеи пријави по член 284-а за „вршење на јавен превоз без лиценца” и по член 378 – „фалсификување исправа” од Кривичниот законик.

Најнови вести