сабота, 30. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Со голема тага и болка: Еве како медиумите во регионот известија за загинатиот кошаркар во автобуската несреќа кај Ласкарци (ФОТО)

Со голема тага и болка: Еве како медиумите во регионот известија за загинатиот кошаркар во автобуската несреќа кај Ласкарци (ФОТО)

Медиумите од регионот веќе трет ден известуваат за тешката и трагична автобуска сообраќајна несреќа која пред два дена се случи во Македонија.

Завршниот турнир во кошаркарскиот куп на Македонија кој требаше да се одржува викендот е одложен, поради страшната сообраќајна несреќа во која загина и еден кошаркар, пренесува српски Телеграф.

Сајтот наведува дека станува збор за Јовица Трпевски, кој бил член на КК Гостивар, кој е финалист на завршниот турнир.

Трпевски загина во сообраќајната несреќа во средата доцна попладнето заедно со 13 останати патници, а повеќе од 30 се повредени.

Македонската кошаркарска федерација соопшти дека датумот за одржување на завршниот Куп во Гевгелија ќе биде дополнително одреден, пренесува Телеграф.

Освен српски Телеграф, трагичната смрт на кошаркарот ја објавија и Србија денес, Блиц, Еспресо и Б92.

Најнови вести