четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Со измени на Законот за основно образование ќе се допрецизира постапката за вработување образовни асистенти

Со измени на Законот за основно образование ќе се допрецизира постапката за вработување образовни асистенти

Владата денеска на 119-тата седница го утврди текстот на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за основното образование, со цел, меѓу другото, да се подобри квалитетот на инклузивното образование преку допрецизирање на постапката за вработувањето на образовните асистенти, како и можноста да им се трансформира работниот однос од определено на неопределено време.

– Со предложените измени се пропишува и полагање стручен испит на воспитувачи во основните училишта, што исто така ќе придонесе за подобрување на квалитетот на нивната работа, како и кариерно напредување на административните службеници во основните училишта, соопшти владината прес-служба.

Најнови вести