вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Со контејнери блокиран сообраќајот во Ѓорче по тешкиот инцидент

Со контејнери блокиран сообраќајот во Ѓорче по тешкиот инцидент

Во сообраќајка што се случила вечерва во 19:13 часот на улицата „Борис Сарафов“ во населбата Ѓорче Петров е повредено дете на возраст од околу десет години.

Случајот е пријавен во Единицата за информации и команда на Град Скопје.

Според првичните информации, во детето удрило возило „опел астра“ со скопски регистарски ознаки. Детето е веднаш пренесено во Ургентниот центар, но се уште не се знае видот на повредите.

Полицијата е на тeрен и во тек е увидот.

Од МВР потврдуваат дека околу 19 часот на ул „Борис Сарафов“ (екс.ул.„4ти Јули“-нас.Ѓ.Петров) поголем број на жители од оваа улица со контејнери го блокираа сообраќајот, поради случена сообраќајна незгода во која е повредено дете-пешак, како и за да изразат револт за брзото возење, т.е. непочитување на сообраќајните знаци.

Родителите на учениците од ООУ„ Мирче Ацев“ како и околните жители, подолг период апелираат за поставување на светлосна сигнализација, бидејќи претходно беа полесно повредени уште неколку деца во сообраќајни несреќи на истата улица.

Пред помалку од еден месец друго десетгодишно дете беше прегазено на истата улица.

Најнови вести