Македонија е во слободен пад со владата предводена од СДСМ.
Ја имаме најлошата позиција во целиот регион.
Пред нас е и Албанија.
Сите останати соседи се многу подобро позиционирани. Нашата држава се лизна за цели 13 места подолу на индексот на корупција во 2019 година на Транспаренси Интернешнл и е во „друштво“ со Монголија и Брегот на Слоновата Коска.
Ниту претходната 2018 година не беше сјајна ситуацијата- го делевме 93-то место со Косово, како најслабо рангирани на Балканот.
Со ова темпо, благодарение на оваа влада, Македонија за неколку години би го допрела дното!
Македонија за потсетување и во 2017 година кога прв пат дојде СДСМ на власт се најде на 107-то место во друштво на Етиопија и Ерменија, додека во 2016 година беше на 90-то место во друштво на Колумбија, Индонезија, Либерија и Мароко.
Во 2015-та година Македонија Транспаренси Интернешнл ја рангираше на 66-то место во друштво со Сао Томе и Турција, додека во 2014 се најдовме две места подолу во друштво на Оман и Турција.
Во 2013 година бевме сами во групата на 67-то место додека во 2012 во друштво на Бразил и Јар бевме рангирани на 69-то место.
69-то место бевме и во 2011 година и истото го делевме со Ита, Гана и Самоа.
Во 2010 година бевме рангирани на 62-то место во друштво на Хрватска, Гана и Самоа, додека во 2009 година бевме рангирани на 71-то место во друштво на Бугарија, Грција и Романија.
Во 2008 година бевме едно место погоре на 72 и истото го делевме со Бугарија, Мексико, Перу и Свазиленд.
Во 2007-та бевме на 84-то место во друштво на Малдиви, Црна Гора, Свазиленд и БиХ.
Во 2006-та година Македонија се наоѓаше на 105-то место во друштво на Боливија, Иран, Либија, Малдиви и Уганда, додека во 2005-та на 103-то место.
Во 2004-та година бевме на 97-то место, а во 2003-та година на 106-то место на ранг листата на Транспаренси Интернешнл.
Инаку, индексот рангира 180 земји и територии според нивото на корупција во јавниот сектор, според експертите и деловните луѓе.
Тој користи скала од нула до 100, каде што нулата е многу корумпирана и 100 е многу чиста.
Разултатите од истражувањето на организацијата се објавени само ден откако академското списание Економист објави дека земјава е дел од групата на држави во кои владее хибриден режим.
Во оваа категорија им правиме друштво на Албанија, Кенија, Непал, Пакистан. Македонија е рангирана на 77 место во светот според. индексот на демократија.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешната прес конференција одговарајќи на новинарско прашање за извештајот на Транспаренси изјави дека први сме во Европа по корупција, а државата вака оди директно во провалија.
Во оваа држава криминалот си има сопствена држава. Проблемот е што одговорните што треба да се справат со тој криминал не сносат никаква одговорност. Нели постоеше „Сваровски судство“, постоеше режим како што они викаа, постоеше криминал ама во 2015-та Македонија на истата оваа скала е 66-та, 40 места повисоко пласирана, денеска кога имаме слобода нели животот дојде, на прав пат сме, се блеска, а денеска сме 106-ти на листата. Бројките се немилосрдни. Сме биле подобри од Бугарија, Грција, Албанија, Босна, Косово, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.