Поранешната градоначалничка на Арачиново, од редовите на СДСМ, Миликија Халими се вработила во Царинската управа како инспектор во Сектор за контрола и истраги, потврдуваат од Царинската управа за „Фокус“.
Халими е вработена на определено време, а на работното место е со средно образование.
-Миликија Халими има заснован работен однос на определено време во Царинската управа од 01.10.2022 година, по спроведен јавен оглас за вработување на определено време, на работно место инспектор во Сектор за контрола и истраги, со средно образование согласно Правилникот за систематизација, велат од Царина за „Фокус“.
На социјалните мрежи беше објавена слика од објавата на Миликија на Фејсбук во која и самата објавува дека се врботила во Царинската управа, но таа објава веќе е избришана.
Халими има завршено средно образование во Медицинскиот центар во Тетово.