Синот на крушевчанецот Тодор Ѓорѓиески, кој работел како камионџија и починал во саботата во Холандија, објави дека линијата за донации е затворена и дека се обезбедени потребните средства за да се донесе телото на татко му во Македонија.
„Ви благодариме на сите добронамерни донации, коментари и поддршка во овие за нас, тешки моменти. Групата која беше отворена на Facebook, на наше инсистирање е затворена за донации. Бидејќи сумата која беше објавена, беше неофицијална и неповрдена дека сето тоа толку чини. На почетокот не бевме искоординирани во поглед на тоа колку би чинел транспортот, за кој во голем дел се погрижи сопственикот на фирмата во која работеше татко ми. Тие пари што се собраа се за дополнителните трошоци за кои не сме сигурни колку ќе изнесуваат. И уште еднаш голема благодарност до сите Вас хумани луѓе, кои ја докажавте вашата големина“, објави Владимир Ѓорѓиески.