вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Собранието избра членови и претседатели на државни комисии, одбори и тела

Собранието избра членови и претседатели на државни комисии, одбори и тела

На продолжението од 129. седница Собранието избра и именува повеќе членови и претседатели на државни комисии, одбори и тела.

Избрани се членови и претседател на Одборот за доделување на државната награда „Мето Јовановски“, претседател и членови на Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка, Државната комисија за одлучување во управната постапка и постапка од работен однос во втор степен, членови на Државниот совет за превенција на детско престапништво, претседател и членови на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и измената е одлуката за именување на претседател и членови на Одборот за додлеување на државната нагарада „23 Октомври“.

Најмногу расправа кај пратениците предизвика точката за разрешување на член на собраниската Комисија за изборите и именувањата, која со мнозинство гласови на пратениците беше прифатена.

На оваа седница пратениците ја разгледаа и усвоија одлуката за огласување на избор на член на Државната изборна комисија, одлучија да се распише и јавен оглас за избор на членови и претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата и за избор на членови на Комисијата за заштита и спречување од дискриминација.

Покрај овие одлуки, Собранието донесе одлуки за објавување на огласи за именување директор на Агенцијата за квалитет во високото образование, именување членови на Агенцијата за електронски комуникации и избор на член на Државниот совет за превенција на детско престапништво.

До паузата, чие траење дополнително ќе биде утврдено, пратениците ја усвоија и одлуката за објавување јавен оглас за избор на членови на Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка и и го одбија барањето за автентично толкување на одредба од Законот за изменување и дополнување на Законот за даноци и имот поднесена од градоначалникот на Охрид.

Најнови вести