четврток, 28. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Собраниска седница, повеќе точки на агендата, буџетот пред пратениците

Собраниска седница, повеќе точки на агендата, буџетот пред пратениците

Во Собранието денеска на 54-та седница ќе се расправа по дополнетиот предлог на Буџетот за 2022 година, во второ читање.

Пред пратениците е и предлогот за избор на заменици на народниот правобранител, предлог законите за изменување и дополнување на Законот за прометот на експлозивни материи, на Законот за следење на комуникациите, на Законот за заштита од експлозивни материи, како и на Законот за странци, сите во второ читање.

На дневниот ред на оваа седница е и Предлог -законот за изменување на Законот за складирање и заштита од запални течности и гасови, во второ читање.

Меѓу другите точки на агендата е и дополнетиот Предлог-закон за изменување на Законот за полиција, како и Предлог-законот за медијација, во второ читање.

Најнови вести