вторник, 6. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Сочувство од СДСМ по повод смртта на Илинка Митрева

Сочувство од СДСМ по повод смртта на Илинка Митрева

Искрено сочувство до семејството на прерано починатата Илинка Митрева, поранешна пратеничка од редовите на СДСМ и министерка за надворешни работи, се вели во соопштението од СДСМ.

-Како еден од основачите на партијата, Митрева го трасираше патот до она што СДСМ е денес, одговорна, државотворна партија. Голем е придонесот на професорката Митрева во градењето и афирмацијата на македонската државност во времиња кои беа полни со сериозни предизвици. Делото на Митрева останува трајно богатство за македонската дипломатија и пример за одговорен, државнички однос кон функцијата, кон државата и иднината на граѓаните. Нека почива во мир, истакнуваат од владејачката партија.

Најнови вести