среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Социјалните мрежи вријат: Министерке Мила народот нема леб, вие правите мафини за сликање и забава

Социјалните мрежи вријат: Министерке Мила народот нема леб, вие правите мафини за сликање и забава

Лавина на коментари предизвика натпреварот во готвење на мафини на кој што ушествуваа енералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски, директорката на УЈП Сања Лукаревска, потпретседателот на СДСМ Коста Петров и министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска

-Денес министеркава Царовска си објави видео како прават мафини со Коста Петров, Николовски и директорката од УЈП! Сакам да ја прашам Мила Царовска дали поважни се предновогодишните мафини, или луѓето кои во Македонија крпат крај со крај? Дали е поважно да се да бидат насмеани со Коста Петров, или поважно е да ги заштити вработените низ институции во Македонија врз кои се врши мобинг секој ден? Се надевам дека Министерката ќе одговори на ова.

Народот нема да преживее од вашите мафини, народот гладува на улици, а вие лабаво насмеана мафини си праите. абе мафини за вас дома правете си, дајте му на народот леб, дајте му топол дом. до мафини и дошло господи боже, глси друг коментар.

Министерке да ве прашам дали знаете колку семејства немаат што да јадт за новогодишните празници а вие сте се фатиле по Фејсбук како си готвите мафини заедно со Николовски и Коста Петров, стои во друг Фејсбук статус.

Поминала ли Мила Царовска по сиромашни смејства кои не можат да купат еден килограм месо за да прослават Нова Година, да ги праша дали некогаш направиле мафини? Мислам, дали има некој околу министеркава да ја освести што прави, или личната промоција и е во прв план? За срамота!

Олицетворение на скромност… е вака ќе биде вицепремиер… е вака она ќе си го помине времето у техничката влада. со пување по ПР евенти.

Министерке место да се смеет дека сте победиле во правење мафини, видете што се случува низ институциите! додека сте насмеани за мафините, малдите си одат! Си одат бидајќи ти за една година си ги зголеми приходите за милиони, а народот нема за нормален живот!, стои во дел од коментарите на револтираните корисници на социјалните мрежи.

 

Најнови вести