четврток, 25. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Софија со нота до МНР регира за дел од слоганите на протестите во Скопје

Софија со нота до МНР регира за дел од слоганите на протестите во Скопје

Софија испрати нота до Министерството за надворешни работи во Скопје поради, како што се наведува, констатираните многубројни слогани и транспаренти, насочени против Бугарија изминатите денови во јавноста на Македонија.

Како што јави дописникот на МИА од Софија во нотата се изразува „длабока загриженост поради тоа што се случува, а кое се однесува на ширењето на антиевропскиот наратив против воспоставувањето на добрососедските односи меѓу двете земји“.

-Особено загрижувачки е тоа што злонамерните дејствија во јавноста ескалираат во момент кога Софија и Скопје активно бараат пат кон конструктивен дијалог и пронаоѓање трајно взаемноприфатливо решение во интерес на европската интеграција на Република Македонија и регионот, се наведува во нотата.

Во документот се изразува уверување дека ваквите настани ќе станат дел од минатото, а двете држави ќе успеат да отворат нова страница во односите, заснована на взаемно почитување и искрено пријателство.

Најнови вести